Скопјанка тешко повредена при пад од електричен тротинет
Возењето на електричен тротинет знае да биде многу опасна работа. Имено вчера во раните утрински часови во полициската станица во Аеродром било пријавено за тешко повредена жена на возраст од 50 години откако паднала од електричен тротинет.
„На 03.07.2024 во 07:15 часот, СВР Скопје доби пријава дека на велосипедската патека во општина Аеродром, Скопјанката О.К. (50), која возела електричен тротинет, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, потврдени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.