
Скопјанец нападнат додека бил со девојката: Насилникот му се заканувал и со пиштол
На 14.02.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, О.А.(31) од с.Сарај, скопско, пријави дека на 13.02.2026 околу 23:20 часот пред сместувачки објект на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, додека бил со неговата девојка, две лица му се доближиле, по што едно од лицата физички го нападнало и му се заканило и со пиштол.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

