
Скопјанец ги нападнал мајка му и сопругата, користел и остар предмет!
На 15.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Е.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
