
Скопјанец ја убил сопствената баба: Додека јадела, тој ја нападнал, ја удирал по главата и телото, а потоа ја задушил
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил […]