
СКАНДАЛОЗНО НИСКА Е ПРОСЕЧНАТА ПЕНЗИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: За 40 години уплаќање во пензиските фондови нешто над 1.200 евра
Работниците кои 40
години уплаќале во пензиски фонд во Германија добиваат просечна пензија од 1.370
евра, објави Министерството за труд.
„Просечната пензија за оние кои плаќаат 40 години на западот
од државата е 1.423 евра, а на истокот е 1.255 евра“, стои во соопштението на Министерството за труд во анкетата направена на барање на претставничката група
на Левица.
Податоците се однесуваат на крајот на 2021 година бидејќи
статистиката за изминатата година се уште не е комплетирана. Во оваа статистика
не се вклучени покачувањата на пензиите од по пет отсто за 2022 и 2023 година.
Претставникот на партијата Левица и партиски комесар за
прашања на Источна Германија, Сорен Пелман, го критикуваше фактот дека и повеќе
од 30 години по обединувањето на Германија, разликите во пензиите на истокот,
односно областа на поранешниот Исток Германија и Западот се толку големи.
„Во секоја источногерманска сојузна покраина пензијата е
пониска отколку на западот на земјата. Тоа е страшно“, рече политичар од
Левица, партија која произлезе од режимската СЕД, партијата на поранешната
Германска Демократска Република, и која најмногу ужива поддршка на истокот на
земјата.
Во исто време, Пелман ја критикуваше генерално висината на
пензиите, кои според него се прениски.
„1370 евра за 40 години работење! Тоа е скандалозно малку“, изјави Пелман.
ФОТО: Unsplash
