Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скандал во градинка во Автокоманда: Дете исчезнало поради негрижа, пронајдено во населбата
Македонија

Скандал во градинка во Автокоманда: Дете исчезнало поради негрижа, пронајдено во населбата

23/06/2023

AA

Група на родители од градинката „Детска радост„ во Автокоманда испратија писмо до јавноста со кое тврдат дека дете исчезнало во објеткто „Темјанушка“ од истата населба поради негрижа на негувателката, а откако го нашле во населбата, на неговата самохрана мајка и било понудено да плаќа помал месечен надоместок за да молчи.

„Имено на ден 20.06.2023 година во објектот Темјанушка при детската градинка Детска радост во Автокоманда едно дете од втората јаслена група поради неажурност и негрижа на вработената го напуштило објектот на градинката и по потрага по некое време истото било пронајдено.

Вработената во градинката Р.П. од чија група детето избегало од страна на директорката Анета Петровска добила единствено усна опомена како мерка.

Мајката на детето која е самохрана мајка е под притисок да не го објави случајот во јавноста и на истата и е понудено да плаќа помал месечен надоместок, а како дополнителна мерка детето е префрлено во друг клон на градинката“, стои во писмото.

Тие предупредуваат дека безбедноста на нивните деца е доведена во прашање и по одржаниот состанок на кој присуствувале родители на 116 деца, биле донесени следните заклучоци.

„Бараме Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска под чија надлежност е сега градинката Детска радост, веднаш и без одлагање да ја разреши директорката Анета Петровска. Бараме отпочнување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на вработената во градинката Р.П. од чија група детето успеално да излезе надвор од објектот на градинката за време на престојот во неа.

Како родители апелиравме Министерката Тренчевска да не ги одзема надлежностите на општината, токму од овие причини. Не може некој што незнае каде се наоѓа градинката во Автокоманда да се грижи за заштитата на нашите деца подобро од оној кој ние како народ сме го избрале за градоначалник.

Очекуваме и бараме и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски да даде поддршка на нашите барања и да не се изема поради тоа што нема директна надлежност на градинката.

Чашата е прелеана. Доколку Министерката која во минатото покажа дека е недопирлива и се чувствува моќно поради власта која ја поседува и овој пат остане глува на нашите барања ќе следуваат конкретни мерки и чекори превземени од наша страна.

Апелираме и до премиерот Димитар Ковачевски кој е родител да се стави барем на миг на нашата страна и да помисли какво е нашето чувство кога утрово сме ги оставиле во градинка, а незнаеме како и дали ќе си ги земеме“, објавија родителите од „Детска Радост“ во Автокоманда, Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Спасеновски: Светот влегува во ера на „природна состојба“ каде посилниот

24/02/2026
Македонија

Спасеновски со анализа за 4TV.mk: Три струи во западниот блок

24/02/2026
Македонија

Сведоштво на Дмитро Олијник во 4TV.mk: Од бомбардирањата во Днепар до

24/02/2026
Македонија

И ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ГО ИМА ВО КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ГРУБИ,

24/02/2026
Македонија

„Ние знаеме што значи да се биде бегалец“ – Урбановиќ:

24/02/2026
Македонија

Урбаноиќ за 4TV.mk: Украинците веќе четири години живеат со страв

24/02/2026
Македонија

Петровска: Поддршката за Украина одеше билатерално, ако не бевме членка

24/02/2026
Македонија

НАУТРО ЗИМА, ПРЕКУ ДЕН ПРОЛЕТ Следува стабилно и сончево време

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41890
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Спасеновски: Светот влегува во ера на „природна состојба“ каде посилниот го наметнува својата волја

24/02/2026

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски, во анализа за 4TV.mk по повод четиригодишнината од војната во Украина, посочува дека меѓународниот поредок се

Спасеновски со анализа за 4TV.mk: Три струи во западниот блок и влијанието на новата американска

24/02/2026

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски, во опсежна анализа за 4TV.mk по повод четиригодишнината од војната во Украина, посочува дека иако поддршката

Сведоштво на Дмитро Олијник во 4TV.mk: Од бомбардирањата во Днепар до безбедноста во Скопје

24/02/2026

Дмитро Олијник, млад Украинец кој пред четири години бил средношколец со соништа за иднината, во гостувањето на 4TV.mk ја сподели

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy