
СКАНДАЛ СО ВОДАТА ВО СТРУГА: Фирми од Велешта нелегално копале карпи и ги загадиле изворите во Шум
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга е на чекор до расчистување на случајот со енормното загадување на водата за пиење во струшкиот регион. При теренска истрага на извориштето во селото Шум, истражните органи фатија „на дело“ тешка механизација која нелегално експлоатирала карпи во непосредна близина на водата.
Според информациите од Обвинителството, на лице место се затекнати работни машини сопственост на две правни лица од селото Велешта. Тие вршеле ископ и транспорт на карпи веднаш до изворите од кои целиот град Струга и околината се снабдуваат со вода за пиење.
Поради сериозноста на еколошката штета, надлежниот јавен обвинител веднаш реагирал до судијата на претходна постапка со предлог за одредување строги мерки на претпазливост.
За правните лица постојат основани сомненија за две сериозни кривични дела:
Предложените мерки кон судијата опфаќаат целосна забрана за фирмите да ги посетуваат парцелите каде што копале, како и строга забрана за преземање на какви било работни активности на тоа подрачје.
Од ОЈО Струга информираат дека истрагата не е затворена и дека продолжува прибирањето докази за целосно расветлување на евентуалната кривична одговорност за загадувањето на изворите.
