
Скандал по испаѓањето на Ирак од Азискиот куп – новинарите го нападнаа селекторот (ВИДЕО)
Поразот предизвика хаос на прес-конференцијата на селекторот Хесус Касес, кој физички беше нападнат од ирачките новинари кои го критикуваа селекторот дека давал интервјуа за новинарите од својата држава за време на натпреварувањето, наместо да се фокусира на претстојните дуели. Тоа беше протолкувано како понижувачки од ирачките новинари кои беа незадоволни од неговото однесување и го нападнаа.
Ирачката фудбалска федерација ги осуди немилите настани и ги нарече „болни сцени“ и „одвратно и невнимателно однесување насочено против селекторот Касас“. Шпанецот изјави дека вакво нешто не му се случило во кариерата.
