
Скандал ја тресе БиХ – со купени дипломи се вработувале во државно
Има докази дека се давале лажни дипломи во Босна и Херцеговина (БиХ).
Главниот обвинител на Босна и Херцеговина, Миланко Кајганиќ денеска изјави дека акцијата „Кластер“, спроведена поради издавање лажни дипломи на неколку приватни универзитети покажала дека диплома може да се купи на бензинска пумпа.
„Од 2021 година водиме истраги со Агенцијата за истрага и заштита на БиХ и дојдовме до докази дека во БиХ постои организирана криминална група која се занимава со продажба на дипломи, што сметаме дека е основа за каква било друга корупција“, додаде Кајганиќ.
Вели дека многумина кои купиле дипломи се вработуваат во владини органи, полициски агенции, образование, правда, здравство, нагласувајќи дека Обвинителството има докази дека е купена и диплома за градежен инженер.
фото МИА

