
Скај спортс: На Интер му се брза, ќе се договорат со Манчестер за Онана!
Камерунскиот голман на Интер е желба на Манчестер и најверојатно ќе се договорат, тврди медиумскиот гигант, иако втората понуда на премиерлигашот исто така е пониска од бараните 60 милиони евра. Понудиле 40 милиони фунти, плус пет милиони фунти во бонуси, што доаѓа вкупно околу 52,5 милиони преведено во евра.
Иако Интер стави до знаење дека нема да го продава за помалку од бараната сума при одбивањето на првата понуда од Јунајтед (40 милиони евра), „Скај спортс“ тврди дека има извори кои го уверувале дека и оваа понуда од 52,5 милиони евра може да помине.
Прв главен аргумент за тоа е желбата на сите три вклучени страни за овој трансфер да успее. Јунајтед сака да се поднови со 27 годишниот Камерунец, кој се покажа одлично во Милано, откако минатото лето дојде од Ајакс. Онана посакува да игра во Премиерлигата или поконкретно во Манчестер, бидејќи ќе се обедини со својот доскорешен тренер од Ајакс, Ерик Тен Хаг, додека Интер имал намера да собере пари за да го задржи Ромелу Лукаку, макар ако треба целосно да го откупи од Челси. Олеснителна околност е и тоа што Кејлор Навас од ПСЖ само чекал да добие „амин“ и да застане на голот на Интер, кога веќе „светците“ го нудат, бидејќи не им е потребн.
Врв на сè, колку и да одбива, Интер сакал да го реши трансферов на Онана, а со тоа и на Навас до 13 јули, кога почнува подготвителниот камп за новата сезона, што значи во следните денови веќе може да дојде до спогодба.

