
СИВО НЕБО НАД ТАСОС – Пожарите во Грција го затемнија небото на неколку туристички дестинации
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од познатите туристички дестинации низ соседна Грција, но во сосема поинакво издание.
Поради пожарите кои ја зафатија Грција, со кои екипите се борат неколку дена, небото на некои од познатите летувалиша е целосно затемнето.
Таква е ситуацијата на островот Тасос, од каде голем број посетители сподели фотографии од плажа во Фејсбук групата „Грчка инфо“.
Повеќе фотографии од плажите може да видите на овој линк.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
