Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИТНИ СОПСТВЕНИЧКИ ПРОМЕНИ ВО „РЕПЛЕК“ – Славица Туџарова продаде, а Владимир Пецовски купи акции од компанијата
Економија

СИТНИ СОПСТВЕНИЧКИ ПРОМЕНИ ВО „РЕПЛЕК“ – Славица Туџарова продаде, а Владимир Пецовски купи акции од компанијата

13/03/2023

AA

Ситни акционерски промени се случиле во домашната фармацевтска компанија „Реплек“.

Компанијата, преку ценовно чувствителна промена на Берзата извести дека еден од акционерите, Владимир Пецовски купил четири акции, додка, пак, Славица Туџарова-Трајковска, продала 24 акции. 

„Известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација  на Македонската берза АД Скопје, РЕПЛЕК АД Скопје објавува промена на сопственоста над 5 отсто.

Акционерот со над 5 отсто, Пецовски Владимир се стекна со 4 нови акции, со што поседува вкупно 1.587 обични акции или 6,12 отсто од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5 отсто Туџарова-Трајковска Славица продаде 24 акции, со што поседува 2.976 акции или 11,48 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во ценовно чувствителната информација која компанијата „Реплек“ ја испрати до Берзата. 

И всушност, со сегашната промена, акционерската структура на „Реплек“ со акционери кои поседуваат над пет отсто од акциите е следнава. 

Најголем акционерски пакет од 11,98 отсто од акциите поседува Душан Пецовски, а Славица Туџарова-Трајковска има 11,48 проценти.

По нив следува Насетел ДООЕЛ, компанија која располага со 9,38 отсто од акциите, а Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти од капиталот.

Друштвото за трговија и услуги, Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје располага со 6,13 отсто, додека, пак, Владимир Пецовски поседува 6,12 отсто. 

И, самата компанија „Реплек“ си поседува сопствени акции од 5,06 проценти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy