Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИТНИ АКЦИОНЕРИ ПРОДАВААТ, ШВАЈЦАРСКИ „ДУФЕРКО“ КУПУВА – големиот странски сопственик ги зајакнува позициите во „Макстил“
Економија

СИТНИ АКЦИОНЕРИ ПРОДАВААТ, ШВАЈЦАРСКИ „ДУФЕРКО“ КУПУВА – големиот странски сопственик ги зајакнува позициите во „Макстил“

19/07/2024

AA

Компанијата „Дуферко“ од Лугано, Швајцарија, се повеќе се „бетонира“ во нашата успешна челичарска компанија, „Макстил“. Нема, нема, а „Макстил“ ќе објави дека нивниот доминантен сопственик „Дуферко“ купил одредена количина акции од тоа друштво, правејќи го нивниот пакет се поголем и поголем.

Во моментов сопственичкиот пакет на „Дуферко“ во „Макстил“ е 83,48 проценти од капиталот на компанијата. 

Челичарскиот гигант денеска извести за нова ценовно чувствителна информација, а таа е дека вчера настанала промена во сопственоста на акциите со право на глас.

„Имено, Duferco Skop SA,
како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и се
стекна со 9.000 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,48 отсто од главнината
на акции со право на глас на Макстил АД Скопје“, се вели во берзанската објава. 

Ако се погледне графиконот на „Макстил“ на Берзата, може да се види дека овие 9.000 акции биле купени на 15 овој месец, по цена од 136 денари за акција, што значи дека за нив биле платени околу 20 илјади евра.

Неодамна компанијата преку ценовно чувствителна информација ја извести инвеститорската јавност дека купила нови 35.592 акции, со што тогаш достигна до 83,42 отсто од капиталот.

И тоа не беше прв пат Дуферрко, кој од поодамна има околу 80 отсто од капиталот, да докупува помали акционерски количини и да го засилува својот пакет, за сега да достигне и до 83,48 проценти.

А кој продава?

Согласно најновата состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, покрај Дуферко, во Макстил има и други поситни акционери, главно домашни физички и правни лица. Практично, тие сега продаваат, а „Макстил“ купува.

Ако претходно пишувавме дека бројот на физички лица сопственици на акциите на „Макстил“ е 5.034, а тој сега е намален на 5.027 лица, значи дека седум поранешни вработени ги продале своите акции, што е поволно за нив, но и за доминантниот акционер, кој така го засилува својот акционерски капитал. 

Исто така, ако порано сме пишувале дека акции имаат и 40 домашни правни лица, односно фирми, чии пакет бил 0,68 проценти, сега тие се сведени на 39 фирми, со пакет од 0,46 проценти. Тоа значи дека во меѓувреме акции продала и некоја домашна мала компанија, иако станува збор за многу ситна количина, но и мали суми на пари. 

Во компанијата има и релативно мал процент на странски акционери.

Всушност, „Макстил“ има издадено 14.622.943 акции, а нивната цена на берзата во последниов период се движи меѓу околу 130 и 145 денари за акција. 

Тргување има постојано, но кога во еден ден ќе се продадат огромни количини, секогаш излегува дека купувач е доминантниот адкционер, швајцарски „Дуферко“.

„Макстил“ во последниве години работи прилично успешно, а тоа беше и причината што плати висока сума на солидарен данок.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy