
Сити со седма победа по ред до осминафинале во ФА купот – Челси ќе игра уште еднаш (ВИДЕО)
Тоа беше тврд меч во кој „граѓаните“ ја имаа доминацијата, но не можеа да го најдат патот кон домашниот гол. Дефанзивецот Аке беше клучната фигура, откако погоди во 88. минута по еден од многуте корнери, но и по ситуација на која лондонци сметаа дека ѝ претходеше прекршок врз нивниот голман. Судијата веднаш покажа кон центарот, а истото го стори и по втор пат кога неговата одлука беше потврдена од ВАР собата.
Останатите три вечерашни средби завршија нерешено и ќе се преиграат. Челси против Астон Вила односно Бристол сити против Нотингем форест одиграа без голови, додека средбата помеѓу Шефилд вендзеј и Ковентри заврши 1-1.