Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сити го суреди Арсенал за да го преземе лидерското место во Премиерлигата (ВИДЕО)
Спорт

Сити го суреди Арсенал за да го преземе лидерското место во Премиерлигата (ВИДЕО)

15/02/2023

AA

Англискиот првак Манчестер сити го расплака „Емирати“, па го суреди Арсенал со триумфот со 3-1 за да го преземе лидерското место во Премиерлигата, поради подобрата гол-разлика при истото бодовно салдо со 51 бод.

Комплексот на Арсенал од „граѓаните“ продолжи и во првото годинешно дерби за титула, зашто ова беше седма победа на шампионот против „топчиите“ по ред и лондончани ги немаат победено ривалите уште од 18 јули 2020 година, кога славеа во ФА-Купот (2-0). Но, поголема болка за Арсенал е што кризата во која западна во втор пораз во третиот меч и само еден освоен бод од можни девет, брзо ја прокоцка тешко стекнатата предност до пред десетина дена.

„Топчиите“ прескапо ги платија двете катастрофални грешки од кои примија два гола, а потоа Ерлинг Браут Халанд само ја завери победата, остварена во завршните 18 минути од мечот. Сѐ почна со противнападот по загубена топка на 40 метри кога Џек Грилиш во 72-та минута на асистенција на Илкај Гундоган погоди за второ водство, а заврши со голот на Халанд на осум минути пред крајот.

Претходно, Кевин Де Брајне донесе водство во 24-та минута после катастрофална грешка на јапонскиот репрезентативец Томијасу, а израмни Букајо Сака од пенал во 42-та минута.

Арсенал сѐ уште има шанса да се врати на лидерската позиција зашто има меч помалку од Сити, заостанат меч со Евертон од седмото коло, пресметката со должникот од кого почна актуелната лоша серија на лондончани со поразот со 0-1 пред две кола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy