Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сите во животот правиме чекори, најважното е какви траги ќе оставиме“, рече Димче Миновски добитник на четвртоноемвриската награда за животно дело
Македонија

„Сите во животот правиме чекори, најважното е какви траги ќе оставиме“, рече Димче Миновски добитник на четвртоноемвриската награда за животно дело

04/11/2023

AA

Со чувство на возбуда на 81 година, се качи на сцената во Народниот театар во Битола и ја подигна четвртоноемвриската награда за животно дело.

„Во текот на мојот живот имам добиено безброј награди и признанија, меѓутоа ова што вечерва ми се случува навистина е нешто што никогаш нема да го заборавам додека сум жив. Сите во живото правиме чекори. Во разни чевли. Меѓутоа најважното е какви траги ќе оставиме зад себе“, изјави новинарот вечерва додека Битола го одбележува денот на ослободувањето.

Испрати порака до младите да не се откажуваат од намерата еден ден да седнат и да пишуваат.

„Секој може да напише книга, само треба да има нерви и малку трпение. Денеска ја добивам оваа висока награда. И уште една награда, кога беше објавена веста дека сум добитник 700-800 души ми се јавија да ми честитаат, други ме среќаваа во живо…“, додаде Миновски велеќи дека наградата е поттик и мотивација за продолживање со работа.

Димче Миновски е роден во 1942г. во с.Брусник, Битола. Основно и средно образование завршил во Битола. Во 1958г. за започна новинарската кариера во Радио Битола, првото локално радио по ослободувањето на Македонија, како учесник во емисијата за химор и сатира. По неколку години стана уредник на Младинската емисија и емисијата за Спорт и физичка култура. Од тој момент тој е инфициран вљубеник во спортот и спортските активности и до денес непрекинато ги следи сите локални спортски настани и настани кои се однесуваат на спортот, а во кои на директен или индиректен начин учествува екипа од Битола. Димче Миновски моментално е најстар новинар по стаж кој живее и работи во Битола.

Во својата професионална новинарска кариера, Димче Миновски:

Повеќе од 30 годни беше дописник од Битола на дневниот весник НОВА МАКЕДОНИЈА;
Дописник на ТАНЈУГ;
Дописник на МРТВ и Радио Скопје;
Дописник на бројни весници и списанија ширум Македонија и Југославија
КАКО НОВИНАР ИЗВРШИЛ ПРЕКУ 000 ПРЕНОСИ ВО ЖИВО ОД СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ во кои учествувале спортските клубови од Битола.
Освен спортското и новинарството воопшто, Миновски во децениите наназад е неуморен општественик, кој со своето знаење, искуство и темперамент не мирува и е постојано активен во бројни организации, давајќи неспорен придонес во развојот на спортот и спортските клубови, на тој начин постанувајќи синоним за спортското живеење во нашиот град.

Димче Миновски:

Над 50 години е активен член на Сојузот на спортови и неколку пати претседател.
Денес е ПРВ ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ на Сојузот на спортови;
Над 20 години бил член на Управнито одбор на Здружението на возачите на Битола, кое било едно од најактивните во поранешна Југославија и пример за афирмација на сообраќајот. Таму бил претседател на Комисијата за спорт и култура;
Над 15 години бил претседател на Атлетичарскиот клуб ОЛИМПИЈА во Битола
Над 30 години бил член на Управниот одбор на ДТВ ПАРТИЗАН и портпарол на Федерацијата на гимнастичарски спортови
Над 20 години бил член на Управниот одбор на Матицата на иселениците – Битола и повеќегодишен секретар
Бил Претседател и директор на Ракометниот клуб ПЕЛИСТЕР ТАТ
Еден од основачите и член на УО на Боксерскиот клуб ПЕЛИСТЕР
Во два наврати претседател на Фудбалскиот клуб ПЕЛИСТЕР
Повеќе од 20 години член на неформалната група на граѓани Вљубеници во Битола
Еден од основачите и претседател на здружението за македонско-еврејска соработка Битола
Еден од основачите на Здружението за македонско-турско пријателство и соработка
Еден од основачите на Еколошкото здружение на граѓани КОЛИБРИ Битола
Еден од основачите и актуелен претседател на здруженото за македонско – српско пријателство Битола
Автор на рубриката „Деновие пред години“ на порталот bitolanews.mk
Карактеристично е што во сите овие ангажмани Димче Миновски бил активен ВОЛОНТЕРСКИ, односно без надомест што е позтивен пример за искрен ангажман на еден граѓанин во развојот на својот град.

Тоа за него е императив на штета на своето слободно време, можноста за дополнителен ангажман и сл.

Како новинар на ТВ ОРБИС, Димче Миновски е потпишан како сценарискт и автор на повеќе од 200 ЕМИСИИ посветени на БИТОЛА и ЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ од Битола, особено на серијалот ГАЛЕРИЈА НА ЛИЧНОСТИ И НАСТАНИ ЗА БИТОЛА.

Станува збор за обемен видео и аудио материјал кој е жив паметник за бројни настани и личности кои на тој начин пркосат на забот на времето. Снимил и забележал настани, обичаи, сеќавања и сведочења за значајни прашања од историјата на Битола и воопшто на овие простори.

Овие авторски емисии се постојано цитирани од бројни истражувачи на Битола и поттик за нови создавања од новите генерации.

Особено значајна е улогата на Димче Миновски како писател и човек кој освен аудио и видео материјалот, создава и пишани текстови кои се антологија за Битола. Со тоа, тој постанува незаменлив хроничар на Битола.

Автор е на следните книги:

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy