
Сите ѕвезди го напуштија Динамо: Лука Иванушец пет години во Феенорд
Еден од најдобрите играчи на „модрите“, кој вчера даде и гол за триумфот против Спарта Прага со 3-1 во првиот меч од плејофот во Лига Европа, од денеска е нов фудбалер на холандски Феенорд. Иванушец потпиша петгодишен договор со холандскиот првак и еден од најславните клубови во земјата.
Динамо од Иванушец ќе заработи 10 милиони евра сосе бонуси, најмногу „модрите“ добија од Ајакс за стоперот Шутало – 21 милион евра. Од Оршиќ и Ливаковиќ, пак, нешто повеќе од шест ипол милиони евра.
Од оваа петорка која беше костур на тимот, во најава е можно враќање на Адеми во загрепскиот клуб, а останува неизвесно дали последната ѕвезда и хрватски репрезентативец Бруно Петковиќ, кој сега е нов капитен ќе си замине, а Трабзонспор е ептен загреан за да го донесе.
