Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сите стечајни управници со лиценци ќе преполагаат, освен оние кои имаат над 64 години
Македонија

Сите стечајни управници со лиценци ќе преполагаат, освен оние кои имаат над 64 години

02/02/2023

AA

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека согласно Законот за инсолвентност, сите стечајни управници кои имаат лиценци ќе преполагаат, но не и оние што имаат над 64 години. Тие, како што нагласи, немаат право да полагаат.

-Само во Македонија се случува во последните години, за жал, со секоја почит, стечајни управници со над 70 години да водат милионски предмети и да ги одложат, а ние не сме веќе деведесеттите години кога се направени приватизациите, туку сме во 21 век и согласно одредбите, очекувањата од 21 век, така ќе постапиме, рече Бектеши одговорајќи на новинарски прашања по денешната 6. седница на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Македонија и Република Турција.

На прашањето дали „Балкан јутилитис“ ќе тргува и со струја во земјава, Бектеши истакна дека одговорот треба да се бара во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-За „Балкан јутилитис“ треба да се обратите во РКЕ, бидејќи таму се доставуваат барања за добивање лиценца. Немам такви информации, најверојатно ќе ве известат во текот на денот, истакна министерот.

Во врска, пак, со одлуката да не се зголемат платите во Министерството за финансии за 30 отсто, одговор, според Бектеши, треба да се бара во самата институција или кај ресорниот министер Фатмир Бесими.

Бектеши рече дека не присуствал до крај на вчерашната владина седница кога помина ваквата одлука, односно дека, како што рече, веќе не бил таму кога се отворило тоа прашање.

-За ова прашање треба да се обратите до Министерството за финансии или лично до министерот Бесими. Да бидам искрен, не бев на вчерашната владина седница до крај, а додека бев таму темата не беше отворена. Одлуката е на Бесими, во делот на тоа како одлуките ги носи МФ и немам некаков одговор. Јас како м за економија секогаш сум за да се згоелмат палтие и во приватниот и во јавниот сектор, и тоа треба да се направи согласно законските одредби, напомена Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy