
Сите очекуваа долгорочен договор, Чави ќе потпише нов на само – една година!
Чави откри дека веќе сѐ е договорено со Барса за новиот договор до 2025 година, што е изненадувачки кратко, но сето тоа го образложи дека во моментов приоритет се резултатите, играта и успесите и поради тоа тој е решен да продолжи за една година, додавајќи дека во тренерската работа само трофеите и успесите се гаранција за подолгорочна соработка.
„Разговаравме со претседателот и со спортскиот директор Деко. За мене поважни се настапите и успесите од тоа колкав ќе ми биде договорот. Ако немаме јасни цели, ако немаме успеси, тогаш беспотребни се секакви долгорочни договори“, рече Чави.
Легендарниот фудбалер за врска додаде дека сам ќе се повлече ако почувствува и ако види дека Барселона не оди по зацртаниот пат.
