Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сите нелогичности околу смртта на Алексеј Навални: Се уште нема одговори на овие прашања
Македонија

Сите нелогичности околу смртта на Алексеј Навални: Се уште нема одговори на овие прашања

20/02/2024

AA

Поминаа четири дена откако беше објавено дека починал рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, голем противник на рускиот претседател Владимир Путин, а за овој случај има се повеќе неодговорени прашања.

Казнено-поправната управа во областа Јамало-Ненец официјално ја објави смртта на Алексеј Навални на 16 февруари во 14:19 часот по московско време. Според соопштението, Навални не се чувствувал добро по прошетката и изгубил свест.

Преземени се сите мерки за реанимација, но нема позитивни резултати. Лекарите од Итната помош констатирале смрт на осуденикот“, се наведува во соопштението, без да се прецизира точната причина за смртта.

Според Кира Џармус, портпаролката на Навални, пред официјалното соопштение, властите ѝ рекле на неговата мајка Људмила дека причината за смртта е „синдром на ненадејна смрт“. Ненадејна или случајна смрт се однесува на состојби кои водат до ненадеен срцев удар и смрт. Сепак, неименувани извори за одредени руски медиуми изјавиле дека Навељни починал од згрутчување на крвта.

Во исто време се појавија информации дека членови на ФСБ дошле во затворот „Полар волк“, каде што бил сместен рускиот опозициски лидер, само два дена пред смртта на Навални. Според порталот Gulagu.net, агентите ги исклучиле безбедносните камери и уредите за слушање.

Весникот Новаја Газета, повикувајќи се на неименуван осуденик во таа затворска колонија, објави дека вечерта на 15 февруари во затворот имало „чудна гужва“. Наводно, безбедносните мерки биле подигнати на повисоко ниво. Во раните утрински часови на 16 февруари, ќелиите биле претресени, а на затворениците им биле одземени мобилните телефони и другите вредни предмети. Веста дека Навални е мртов, наводно се проширила во затворот неколку часа пред да биде објавено официјалното соопштение.

Исто така, кружат информации дека на телото на Навални се пронајдени модринки, за кои се уште нема официјални објаснувања како настанале.

Дали Навални умре порано?

Сомнителни се и часовите по смртта на Наваљни. Имено, само две минути по официјалната смрт, затворските власти излегоа со соопштение за медиумите.

Четири минути подоцна, провладиниот канал Телеграм тврди дека причината за смртта е згрутчување на крвта. Седум минути подоцна, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја објави смртта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СПОЈУВААТ КАРДИОЛОГИЈА И КАРДИОХИРУРГИЈА Владата формира единствен центар за

02/03/2026
Македонија

ТЕНЗИИТЕ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА НАШИТЕ ГРАЃАНИ Над 150 Македонци веќе побарале

01/03/2026
Македонија

НЕМА ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА МАКЕДОНИЈА Претседателката уверува дека состојбата

01/03/2026
Македонија

Давкова: Нема закана за безбедноста, институциите координирано ја следат состојбата

01/03/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЧЕН ДЕН Магла можна во утринските часови

01/03/2026
Македонија

Сиљановска Давкова уверува: Нема за што да се грижиме, имаме

01/03/2026
Македонија

Македонија со поддршка за Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Кувајт, Бахреин

01/03/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА ДОБИ МОДЕРНА ОБИКОЛНИЦА Мицкоски најави нов инвестициски бран

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42116
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy