Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИТЕ ГО САКААТ „НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО“ ПРОДАВАЧОТ – убедливо најбарано занимање во Македонија, еве кои се другите слободни места
Економија

СИТЕ ГО САКААТ „НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО“ ПРОДАВАЧОТ – убедливо најбарано занимање во Македонија, еве кои се другите слободни места

06/02/2024

AA

Ако некогаш се бараа многу поквалификувани и „познајни“
профили на кадри за пополнување на работни места, денеска тоа воопшто не е
случај. Напротив, денеска она што најмногу се бара за вработување, е
дефинитивно неговото „височество“ продавачот.

Според најновите податоци од анкетите на Агенцијата за
вработување, во моментов се бараат убедливо најмногу продавачи, од сите можни
други видови на персонал.

Или, од сите маркети, продавници, бутици и синџири за
продажба на облека, во моментов во земјава се бараат 506 лица, убедливо
најмногу од сите други.

Колку многу продавачите
се барани занимања може да се види и од фактот што компаниите кои работат во
трговската дејност буквално ги исцрпеа речиси сите невработени кои постоеја на
листите за вработување и тоа и дури и оние постарите кадри, на кои ова можеби
им е прво вработување, но и многу млади лица чии труд е дозволен, а кои се
ангажираат парт тајм, по неколку часа во текот на денот.

На огласите за вработување многу често за овие работни
места се нудат и бонуси за остварени продажби, како и одредени други бенефиции,
со цел да се привлече ваков тип на персонал.

По занимањето продавач,
на второ место следува општиот работник, категорија за која се бараат 374
вработени.

Третото и четвртото
место на барани занимања се резервирани за хигиеничарите, и тоа оние кои
работат на одржување на компаниите, и оние кои се ангажирани по домовите. Па
така, како хигиеничар на производствени-работни простории се слободни 367
работни места, додека како хигиеничар на станбен и деловен простор се бараат
331 лице.

Како возачи на камиони се бараат 253 лица, а додека како
административни службеници има побарувачка за 194 лица.

Следуваат шивач, келнер,
магационер, возач на товарно возило, контролор на линија, возач на такси,
тесар, составувач на пластични производи и слично, како занимања кои се
најмногу потребни.

И кога станува збор за дејностите во кои има најмногу
слободни работни места, на прво место е убедливо трговијата и тоа и на големо и
на мало, каде во моментов постојат 1.230 работни места кои се слободни и на кои
може да се најде вработување.

Следуваат
административни и помошни услужни дејности, со слободни 1.114 слободни места, а
на третата позиција е преработувачката индустрија, со слободни 1.105 работни
места.

Дејноста објекти за
сместување и сервисни дејности со храна се повеќе се наметнува како дејност на
која и требаат работници, а во моментов таму како слободни се отворени 762 места,
по што следува транспорт и складирање, со слободни 667 места.

Слободни работни места
има и кај дејноста градежништво, непознат сектор, информации и комуникации,
уметност, забава и рекреација, финансиски дејности и дејности на осигурување и
слично.  

Н.Н.Ф. 

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy