Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сите Центри за социјална работа ќе добијат физичко обезбедување за еден месец
Македонија

Сите Центри за социјална работа ќе добијат физичко обезбедување за еден месец

17/05/2025

AA

Во тек е постапка за јавна набавка на физичко обезбедување за сите 37 Центри за социјална работа во земјава, а се очекува таа да заврши до крајот на неделата. Според најавите од заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, обезбедувањето ќе го врши лиценцирана компанија, а ангажирани ќе бидат вкупно 60 лица. Доколку сè тече според планот, новото обезбедување ќе биде распоредено најдоцна за еден месец.

 „Се бараат 60 лиценци, 60 лица да бидат ангажирани постојано од страна на компанијата која што ќе ги обезбедува токму нашите објекти…За пет дена ќе ја имаме компанијата, нели во евалуација, а потоа го очекуваме и договорот, така што за месец дена од денеска, би имале финален договор самата компанија која што ќе биде избрана“, – изјави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Ваквиот забрзан след на одлуките на Министерството, доаѓа откако пред месец и половина во прилепскиот Центар за социјална работа, службеничка беше застрелана со пиштол од страна на извесен корисник од кого и претходно добивала закани. Според директорот на Центарот, кој и самиот беше мета на напаѓачот во немилиот настан, а кој за среќа заврши без жртви, последиците кај сите вработени се’ уште силно се чувстуваат, па физичкото обезбедување на овие установи, за жал, се наметнува како нужност, вели тој.

 „Јас сум убеден дека колку-толку ќе се чувствуваме побезбедно кога ќе знаеме дека на Приемно ќе имаме некој кој што ќе може да врши селекција на странките и ќе има овластувања кои што ние во моментов ги немаме, по однос на тоа да се види кој што носи, како носи. И претпоставувам дека ќе се допушта качување по канцеларии исклучиво со покани…Дел од колегите користеа и подлоготрајни боледувања, по препорака на психијатар, психолог или матичен лекар. Полека, полека се консолидираме, веќе сме заедно“, – рече Зоран Малковски, директор на МЦСР – Прилеп.

 Инаку, вооружениот напад во прилепскиот Центар се случи на 23 март, пред крајот на работното време, кога во канцеларијата од директорот се одвивала вистинска заложничка драма. Во инцидентот полесно беше повредена 36-годишната социјална работничка М.Ѓ., која со пиштол ја застрела 50-годишниот А.Ј, најверојатно незадоволен од претходно изречените мерки на Центарот при неговата бракоразводна парница, Притоа, тој испукал дури пет куршуми од оружјето за кое немал дозвола, а кај себе имал и нож. На 20-ти март, тој избегал од Психијатриската болница во Демир Хисар, за што Центарот пак, воопшто не бил информиран. Напаѓачот веднаш е лишен од слобода и против него покрената е соодветна Кривична пријава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45593
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на „Панче Арсовски“, опозицијата обвини за

09/09/2026

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука за разрешување на Училишниот одбор на гимназијата „Панче Арсовски“, постапувајќи по

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба точка!

09/09/2026

Најновите резултати од меѓународното оценување ПИСА 2025 покажуваат загрижувачки тренд за образованието во Северна Македонија. Петнаесетгодишните ученици постигнаа пониски резултати

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026

За неполн месец, сопственикот на дискотеката „Пулс“ од Кочани, Дејан Јованов – Деко, ќе излезе од притвор и понатамошниот дел

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy