СИНОТ НА ВУЧИЌ НАВРЕДЕН ОД КУРТИ – следуваше жесток одговор од српскиот претседтел
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва се огласи на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“, каде објави дека косовскиот премиер Албин Курти го обвинил семејството на српскиот претседател, неговиот син Данило Вучиќ дека учествувале во, како што изјавил Курти, терористичкиот напад во Бањска.
– Курти вечерва го обвини моето семејство, мојот првороден Данило, тој самиот не знае како стигнал таму, дека некако учествувал во како што вели терористичкиот напад во Бањска. Првата карактеристика на кукавиците што ја забележува секој е кога некој ги напаѓа туѓите семејства, децата, бидејќи тие секогаш изгледаат како најлесната мета – напиша претседателот Вучиќ и додаде:
Погледнете ја оваа објава на Инстаграм
Објава споделена од Александар Вучиќ (@buducnostsrbijeav)
– Данило, се разбира, нема врска со ништо, освен што ги сака Србија и Косово и Метохија како дел од неа, согласно Повелбата на ОН. Се обиде Курти и со долги цевки маицата да му ја соблечеш, но не успеа. Ја навреди мојата ќерка на херојски и машки начин, како што можеш само ти. Терорист на Косово си само ти, затоа што го убиваш и тероризираш српскиот народ, а за Данило не се секирај, тој е храбар млад човек, никогаш и никако сличен на тебе, пишува во соопштението на претседателот на Србија.
Курир.рс
