
Синот на Станковиќ е во болница: Имаме многу важен „натпревар“, мора да бидам со него!
Дејан Станковиќ открива дека неговиот син веќе неколку дена е во болница во Милано и сака да биде покрај него.
„Поздрав до сите, сакам да ви кажам дека сум во Милано со синот кој веќе три дена е во болница. Има многу важен „натпревар“ и мораме да бидеме заедно и да играме заедно. Се надевам дека во наредните три, четири дена ќе ги добиеме сите резултати и ќе почнеме со рехабилитацијата“, отркива Станковиќ.
„За жал нема да бидам утре на клупата, но верувам во своите играчи, во својот клуб, во сите во стручниот штаб. Тоа е само еден натпревар, а јас имам поважен со мојот син. Семејството е на прво место во овој случај. Ние сме добро и во иднина ќе бидеме уште подобри“.
Не е познато зошто синот на Станковиќ е во болница.