
Синот на премиерот матурант – Мицкоски му порача: Се гледаме на Машински!
Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи му честиташе матура на својот син, кој годинава го завршува средното образование.
Во емоционалната порака, тој го охрабри својот син за новото животно поглавје и откри дека од октомври ќе студира на Машинскиот факултет.
„Синко среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки, нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од Октомври се гледаме на Машински“, напиша Мицкоски.