
Синот на познат актер покажа каде ги фрли деловите од телото на своето момче: Страшна снимка од популарно одморалиште
Даниел се сомнева дека го убил своето момче, а потоа неговото тело го исекол на 14 парчиња кои ги фрлил околу морето и островот.
Даниел Санчо Броњало (29), синот на познатиот шпански актер Родолфо Санчо Агире, на полицијата и покажал каде ги фрлил деловите од телото на своето момче кое претходно го убил и распарчил за време на нивниот одмор во Тајланд.
Даниел и неговиот љубовник, познатиот колумбиски пластичен хирург Едвин Ариета Артеага (44), на крајот на јули отпатувале на позната туристичка дестинација, а по неколку дена Даниел пријавил дека Едвин го нема по забавата на која биле заедно. Едвин набрзо бил откриен мртов, а Даниел бил уапсен под сомнение дека го убил и распарчил.
Шпанските медиуми јавуваат дека Артеага резервирал хотел во Тајланд помеѓу 31 јули и 3 август. Сепак, Даниел пристигнал на островот неколку дена порано, но се уште не се знае точно кога.
Даниел тврдел дека Артеага бил тој што му се придружил на патувањето, но полицијата открила дека Артеага е тој што го платил патувањето.
Иако Даниел престојувал во хотел што го платил Артеага, тој имал уште една хотелска резервација за 1 и 2 август, потврди полицијата за локалните медиуми.
Како што открива изворот, Даниел и неговото момче вечерале на 1 август во хотелот што Даниел го резервирал. Истата вечер, безбедносните камери го снимија Даниел како купува ножеви, гумени ракавици, пластични кеси и производи за чистење во продавниците.
За време на првичното сослушување, Даниел и рекол на полицијата дека првпат го видел Артеага во средата, на 2 август околу 15 часот, кога отишол во пристаништето во Кох Фанган да го земе. Потоа, тврдеше Даниел, отишле на ручек во ресторан, по што заминале на плажата Хат Рин, која се наоѓа во близина на хотелот во кој престојувале. Но, било утврдено дека делото се случило ден претходно.
Даниел, кој беше уапсен во петокот, подоцна и кажа на полицијата дека Артеага дошол во неговата хотелска соба вечерта на 1 август и побарал да има секс. Даниел и рекол на полицијата дека одбил да спие со Артеага и го оттурнал, поради што Артеага паднал и ја удрил главата на работ од кадата. Потоа, како што рекол, се обидел да се ослободи од телото распарчувајќи го и фрлајќи ги парчињата на неколку локации на островот и во морето.
За да го направи тоа, тој земал кајак кој бил пронајден во саботата на околу 300 метри од хотелот каде што се случило злосторството.
Според жената која ги изнајмува чамците, Даниел дошол кај неа во вторникот на 1 август околу 21 часот, видно вознемирен и барал да изнајми чамец. Иако инсистирала дека не е безбедно да се плови, на крајот ги прифатила 1.000 долари во кеш што Шпанецот и ги понудил да „купи брод“.
Потоа Даниел го ставил куферот, во кој се наоѓале деловите од телото, во кајакот и излегол на отворено море, каде што ги фрлил. После тоа, тој се вратил во својата соба и го напуштил хотелот во четврток на 3 август во 9 часот.
Истиот ден, локалните медиуми објавија дека собирач на отпад пронашол карлица и дел од црево во пластична кеса околу пладне на депонија. Во текот на денот беа објавени написи во кои се наведува дека форензичарите се сомневаат дека деловите од телото му припаѓаат на маж кој бил убиен најмалку 24 часа пред да му бидат пронајдени посмртните останки и дека, судејќи по неговата физиономија, станува збор за странски државјанин.
Даниел, кој е познат готвач на YouTube и работи во угостителска компанија во Мадрид, во четвртокот вечерта отишол на забава со две девојки кои ги запознал во хотел. Откако се вратил од забава и наводно видел вести во локалните медиуми за пронаоѓање човечки останки, отишол во полиција и пријавил исчезнат пријател, колумбиски државјанин. Даниел тогаш тврдел дека неговиот пријател пристигнал во Тајланд само еден ден порано, во средата… Дотогаш Артеага бил мртов веќе 24 часа.
Полицијата во петокот изврши нов претрес на депонијата и пронајде уште вреќи со човечки останки. Кај нив се откриени делови од долните екстремитети и парчиња облека.
После тоа, полицијата решила да го приведе Даниел и да го сослуша. Синот на познат шпански актер станал сомнителен во моментот кога дошол во полиција да пријави исчезнат Артеага со гребаници по телото.
Кога полицијата упаднала во собата што претходно ја резервирал на свое име, инспекторите откриле дека фрижидерот, тоалетот и мијалникот се целосно чисти. За среќа, тие успеале да извадат едно влакно и парче марамче од одводот.
За тоа време Даниел попуштил и во притвор, во присуство на адвокат, признал дека ја убил Артеага.
„Јас сум виновен, но тој ме држеше како заложник“, изјави Даниел, кој претходно тврдеше дека нема никаква врска со убиството на Артеага.
Даниел изјавил и дека убиството не го признал под присила, а тајландската полиција цело време се однесувала нормално со него.
Сепак, тој негираше дека е во романтична врска со убиениот, како што тврди семејството Артеага.
“Тој беше опседнат со мене. Ме измами, ме натера да верувам дека сака да работиме заедно. Вложи пари во компанија во која сум косопственик. Сето тоа беше лага. Тој само сакаше да биде со мене. Сакаше да ми биде момче Секој пат кога се обидував да побегнам од него ми се закануваше“, тврди Даниел.
Во неделата, инспекторите го однеле Даниел низ островот за да им помогнат да го реконструираат злосторството. Даниел мирно им покажал на полицајците каде ги фрлил деловите од телото.
Налогот за апсење на Даниел беше издаден откако резултатите од ДНК од остатоците од кесата за отпад беа споредени со остатоците пронајдени во мијалникот во хотелската соба.
Даниел е обвинет за неколку кривични дела, и се соочува со доживотен затвор, а можеби и смртна казна за убиство.