
Синоќа во Арачиново пронајдено скриено оружје, акцијата на МВР продолжува
Полицијата синоќа открила скриено оружје, меѓу кое пушки и пиштоли, во објект во скопското село Арачиново, објави Плус инфо. Овој запленет арсенал е дел од тековната акција на МВР насочена кон сузбивање на насилни криминални групи. Акцијата, која започна во неделата, продолжува и денес, со засилено присуство на полициски единици на повеќе локации низ земјата. […]
