Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синиша Наумовски: Ефектите од унгарскиот заем ќе се почувствуваат во втората половина на 2025
Економија

Синиша Наумовски: Ефектите од унгарскиот заем ќе се почувствуваат во втората половина на 2025

14/07/2024

AA

Професорот по економија и член на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), Синиша Наумовски, вели дека ефектите од „унгарски заем“ од милијарда евра ќе се почувствуваат во втората половина на 2025.

– Иако немаме многу информации за заемот, факт е дека заемот не е скап, а каматата од 3,25% е прифатлива особено ако се знае дека во минатото и дома се задолжувавме со камати од 5-6%. Верувам дека се е добро испланирано. Грејс периодот од три години и 12 години за отплата, значи дека имаме доволно време тие средства да ги пласираме во капитални проекти и самите да се оплодат. Тој период ќе треба внимателно да се набљудува во насока на правилно трошење на тој билатерален заем односно на средствата од оваа финансиско економска инфузија. Треба да се остави простор и за да се види каков ефект ќе има новиот заем на јавниот долг и обврските кои доспеваат од странство. Треба да дадеме шанса на вакви државотворни економски политики и политики за интеграција. Ако успее ваквата стратегија, ќе успее Македонија а ако успее Македонија ќе бидеме сите заедно посреќни, вели за Локално, Наумовски.

Според професорот, бенефитите од најавениот пакет инвестиции од една милијарда евра, вели дека треба да ги очекуваме догодина.

– Убеден сум дека ефектите од економските мерки кои ги воведува и најавува новата Влада ќе бидат во 2025 г. Оваа година ќе се бориме инфлацијата да биде 3,5% а растот и БДП кој е директно врзан со инвестициите, ќе биде околу 2%. Ефектите од инвестициите од тој т.н пакет од една милијарда евра, ќе се почувствуваат во втората половина од 2025 г. како година на сериозни позитивни поместувања во однос на оваа 2024 г. Убеден сум во тоа, бидејќи имаме стабилна Влада и не очекувам негативни конотации во меѓусоседските односи и евроинтеграциите. Се ќе биде стабилно, уверува Наумовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy