Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синдикатот на професионални војници алармира за лоши услови во касарните по појавата на шуга во Велес
Македонија

Синдикатот на професионални војници алармира за лоши услови во касарните по појавата на шуга во Велес

08/02/2026

AA

По информацијата дека кај двајца новопримени професионални војници во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ е констатирана шуга, со реакција излезе Независниот синдикат на професионални војници, кој обвини за, како што наведуваат, сериозно нарушени услови за живот и работа во воените објекти низ државата.

Од синдикатот посочуваат дека случајот во Велес не е изолиран, туку дека слични ситуации се случувале и претходно, но не добиле јавност и медиумско внимание.

Во соопштението се наведува дека професионалните војници се соочуваат со несоодветни услови за сместување, вклучително и стара и необновена постелнина, перници и ќебиња, како и простории со влага и појава на инсекти. Се посочува и на, според нив, нехигиенски услови при сервирање на храната, стар прибор и недоволен квалитет и разновидност на оброците, како и нереновирани санитарни јазли. Дополнително, тврдат дека во одредени објекти има проблеми со струја и техничка вода, што, според нив, трае со години.

Претседателот на синдикатот, Александар Насковски, наведува дека военото раководство и досегашните министри за одбрана не покажале доволна грижа за условите во кои престојуваат професионалните војници. Според него, се инвестира во реновирање на простории за офицери, додека објектите каде што престојуваат војниците остануваат во лоша состојба.

Од синдикатот сметаат дека со зголемувањето на буџетот за одбраната, во согласност со барањата на НАТО, приоритет треба да биде подобрување на условите за работа и грижа за човечкиот фактор, а не само набавка на опрема.

Во реакцијата се упатуваат и критики до министерот за одбрана Владо Мисајловски, со обвинувања за изостанат социјален дијалог и игнорирање на барањата на војниците. Како дополнителни проблеми ги наведуваат отсуството на покачување на платите во изминатите три години поради правни измени, појава на дискриминација и мобинг, како и одлив на кадар.

Синдикатот најавува дека ќе продолжи јавно да информира за состојбите во Армијата.

Претходно, од АРМ и Министерството за одбрана соопштија дека двајца професионални војници од касарната во Велес се заразени со шуга и дека станува збор за дел од 296-те нови војници кои положија заклетва на 16 јануари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy