Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синдикатот на Македонска пошта бара да се стопира вработувањето на 31 административен службеник
Македонија

Синдикатот на Македонска пошта бара да се стопира вработувањето на 31 административен службеник

17/02/2023

AA

Синдикатот на Македонска пошта бара генералниот директор да ја преиспита и стопира одлуката за распишување јавен оглас за вработување на 31 административен работник  поради, имајќи ја во предвид, како што соопштуваат „лошата финансиска состојба со која се доведуваме во ризик за обезбедување  редовна плата за постоечките работници“.

-Во овие моменти на сериозна финансиска криза на друштвото, кога вработените во Пошта стравуваат за зачувување на своите работни места и егзистенција на своите семејства, предизвикани од лошата финансиска состојба на Друштвото како последица на намалените приходи и проблемите со кои се соочуваме во организација на работењето, генералниот директор на Пошта на РСМ распишува јавен оглас за нови вработувања во администрација објавен во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ во изданијата од 16.02.2023, велат во соопштение од Синдикатот на Македонска пошта.


Оттаму потенцираат  дека од ден на ден загриженоста и неизвесноста кај вработените е се поголема, особено, како што потенцираат, неизвесноста за редовна исплата на плата во законски рок во нареден период- месеци, а дополнително загрижува фактот што доцни и исплатата на платата за јануари 2023 година во предвидениот законски рок до 15-ти во месецот. – И покрај тоа се распишува оглас за нови вработувања и тоа во админстрација каде што има превработеност а  тие работни места може да се пополнат со внатрешно прераспоредување. Сето ова е крајно несериозно и дополнително ја загрозува иднината и егзистенцијата на над 2000 вработени, посочува Синдикатот.

И во оваа состојба на криза и неизвесност на Друштвото, дополнуваат,не би биле против за нови вработувања доколку  се во согласност со реалните потреби на Друштвото, а се однесуваат за пополнување испразнети работни места од технолошкиот процес кои ќе допринесат поголема ефикасност и продуктивност во насока на стабилизација и зголемување на приходите на друштвото а со тоа подобрување на услугата кон граѓаните.


-Имено, посочените испразнети работни места за кои е распишан јавен оглас може да се пополнат со внатрешно прераспоредување на постоечките кадри имајќи го во предвид фактот дека во администрацијата на Друштвото има превработеност и ова е добра прилика да се направи внатрешно прераспоредување согласно нивниот работен стаж, образование, искуство и квалификации, се со цел за поголема продуктивност и ефикасност во работењето, наведува Синдикатот и реагира дека раководството  не спровело постапка за информирање и консултирање со синдикатите за ова прашање  и оти постапката е спроведена спротивно на Законот за работни односи, конвенциите на МОТ и директивите на ЕУ за информирање и консултирање.

-Од гореизнесените аргументи Синдикатот на Македонска пошта и вработените, со ова соопштение го повикуваат Генералниот директор да ја преиспита одлуката за распишување јавен оглас за вработување на нови триесет и еден административни работници, и истата да се стопира, имајќи ја во предвид лошата финансиска состојба со која се доведуваме во ризик за обезбедување на редовна плата за постоечките работници, како и можноста испразнетите работни места да се пополнат со внатрешно прераспоредувања, се вели во соопштението.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026

Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026

Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy