Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синдикатот на Филхармонија немал желба за разговор со Костадиновска-Стојчевска – „Останувам на зборот за изнаоѓање трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и подмолен начин“
Македонија

Синдикатот на Филхармонија немал желба за разговор со Костадиновска-Стојчевска – „Останувам на зборот за изнаоѓање трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и подмолен начин“

12/04/2023

AA

По вчерашната одлука на Владата за времено сместување на новоформираната НУ „Оркестар за џез музика“ во просториите на НУ Национална Филхармонија, закажав состанок со вработените во Филхармонија за да продолжиме со разговорот за изнаоѓање заедничко решение, но од Синдикатот немале желба да разговараат со мене, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа напомена дека останува на зборот да ја исполни обврската за изнаоѓање трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но, како што потенцира, не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани.


-Јас отидов на најавениот состанок во Филхармонија, но како што ми беше пренесено, од Синдикатот немале желба да разговараат со мене. Останувам на зборот дека ќе ја исполниме обврската да изнајдеме трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани. Како министерка за култура, но пред сè како човек, не можам да дозволам, а уште помалку да го разберам ова ниво на некултура, особено не на дел од уметниците, кои до пред некоја година беа добредојдени во неколку институции од културата додека да го добијат заслужениот дом, пишува министерката на Фејсбук.

Директорката на Филхармонија, Тина Иванова денеска на прес-конференција посочи дека не го поддржуваат сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија, бидејќи „се создаваат услови за едни на сметка на нарушени услови на други“.


Од Синдикатот на Филхармонија одбиваат средба со министерката, доколку не бидат исполнети нивните барања да се најде друго просторно решение за Џез оркестарот. Тие најавија јавни протести доколку не се промени одлуката веќе на наредната владина седница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy