Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синдикатот на „Еуроникел“ побара средба со премиерот Ковачевски
Економија

Синдикатот на „Еуроникел“ побара средба со премиерот Ковачевски

10/11/2023

AA

 Синдикатот на „Еуроникел индустри“ кој претставува 800 вработени во една од компаниите што создаваат најголеми приходи во земјата, побараа средба со премиерот Димитар Ковачевски, но и со други релевантни институции, со цел да се најде решение за спас на комбинатот.

– Ние како синдикален одбор итно бараме прием и средба со премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, со цел да се побара поддршка за изнаоѓање на решение за нашата компанија во која сме вработени и нејзино понатамошно функционирање, информираше за МИА, Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација.

Побарани се средби и со најголемата банка-доверител за помош да се пронајдат евентуални нови инвеститори, кои би ја преземале компанијата и би го овозможиле нејзиното работење, како и состанок со  со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и пратениците кои доаѓаат од оваа општина.

– Доколку не наидеме на разбирање и прием од наведените институции ние како СО на „Еуроникел индустри“ заедно со нашите вработени, ќе бидеме принудени да преземеме непопуларни мерки како протести и разни блокади на институции и патишта, а се со цел да се избориме за функционирање на компанијата и обезбедување на нашата егзистенција, додаде Ѓорѓиев

Синдикатот на ,,Еуроникел индустри” претходно со допис до директорот Димитрис Пасос и бордот на ГСОЛ,  бара продолжување на производството во фабриката во Кавадарци. Печката само се грее, но не произведува, а вработените стравуваат за судбината на колективот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy