Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИНДИКАТОТ ДО МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ – должен сте да го спроведувате и почитувате законот што самиот го донесовте
Економија

СИНДИКАТОТ ДО МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ – должен сте да го спроведувате и почитувате законот што самиот го донесовте

02/02/2023

AA

Сојузот на синдикатите на Македонија се огласи по најновата одлука на министерот за финансии Фатмир Бесими да ја избрише одредбата со која се зголемуваат платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти.

„Министерот за финансии Фатмир Бесими е главната причина поради која 138.000 работници во јавниот сектор заедно со ССМ започнаа генерален штрајк во јавниот сектор токму поради лошите политики и тоа што работници не го добија услогласување на нивните плати кое им следува согласно Закон, а за што во текот на утрешниот ден со почеток во 10 часот е првото рочиште пред Основниот граѓански суд Скопје, по тужбата на ССМ против Државата односно Владата за дискриминацијата и неусогласување на платите во јавниот сектор согласно Закон“, се вели во соопштението од ССМ.

Министерот Бесими, како што пишуваат од Синдикатот, „од вчерашниот ден со бришење на одредбата за зголемување на плата што самиот ја донесе и ја бранеше, свесно прави кривично дело по член 166 од Кривичниот законик, поради тоа што тој свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа“.

„Дали Фатмир Бесими треба да раководи со Министерството за финансии, особено ако пред два дена на јавен настан на Владата го бранеше зголемување на платите за да го задржи кадарот во министерството, па со вчерашните случувања веројатно истиот тој кадар не му е потребен, што произлегува дека брка од работа  повеќе од 650 вработени во Министерството за финансии и на своја рака прави упад во правниот поредок на државата и пременување на законите.

Шест месеци укажуваме дека односот на одредени владини функционери е недостоен и недостоинствен кон работниците, а Владата како награда кон таквите министри дополнително им дава надлежности кои се спротивни на Закон и меѓународни документи како оние надлежности кои му ги даде на Министерот за финансии Бесими да не дозволува потпишување на ниту еден колективен договор, а токму поради непотпишување на колективните договори сме доведени во состојба Бесими мислењето да го менува од денес за утре, што произлегува дека кој што сака и како сака прави во Владата, а Владата потоа го спасува во услови кога ќе произлезе проблем од таквото однесување.

Министрите спротивно на закон самите одлучуваат и бираат дали  ги спроведуваат одредбите од Законите и дали одредени членови ќе ги применуваат или не, па така  на своја рака одлучија дека членот 8 од Законот за минималната плата за усогласување на платите некаде ќе го спроведуваат, а некаде нема, а сега иако донесоа Закон за буџети за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 отсто, сега одлучуваат да не го почитуваат и да не го спроведуваат законот, па Владата наместо  да го следи добриот пример и за сите работници во јавниот сектор да ги зголеми платите, со вчерашниот чин таа сака да им скрати и да земе од работниците и од нивните плати.

Ваквите случувања на самоволие и самовластие на овој министер кои што продолжуваат и понатаму треба да бидат доволен аргумент за основаноста на тужбата на ССМ и апелираме судот со своја одлука да стави крај на ваквото самовластие и самоволие на одредени министри како министерот за финансии Бесими и да престане атакот врз работниците и правниот поредок  и судот да овозможи заштитат на правната сигурност“, се вели во опширното соопштение од Синдикатот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy