
Синдикалците бараат итна седница за гласање субвенции за ЈСП, најавуваат дека нема да работат!
Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП.
Во спротивно, како што велат, во понеделник нема да работат.
„Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП. Бидејќи истите тие советници го изгласаа буџетот на градот Скопје за 2024 година. Тоа значи, доколку не донесат одлука до недела, 21 јануари 2024 година, во понеделник, вработените во базите и другите сектори, нема да работат, бидејќи не е исплатена во законски рок изработената декемвриска плата“, велат од синдикатите.
