СИМЕНС СО НОВ ПОДВИГ: Издаде дигитална обврзница вредна 300 милиони евра
СИМЕНС СО НОВ ПОДВИГ: Издаде дигитална
обврзница вредна 300 милиони евра
Германскиот индустриски гигант Siemens AG соопшти во средата
дека издал дигитална обврзница од 300 милиони евра (330 милиони долари) на
блокчејн. Главните германски финансиски институции „BaiernLB“, „DekaBank“, „DZ
BANK“, „Helaba“ и „Landesbank Baden-Württemberg“ (LBBV) инвестирале во
обврзницата. „Deutsche Bank“ исто така учествувала во олеснување на процесот на
порамнување.
Во објава, „Siemens“ наведува дека се потпира на претходното искуство на компанијата
стекнато за време на минатогодишното издавање на обврзници од 60 милиони евра
преку Polygon (MATIC), за што тогаш беа потребни два дена (T+2) за порамнување
на трансакцијата.
Автоматската обработка за неколку минути демонстрира огромен
потенцијал на оваа нова технологија и ја потврдува нашата стратегија да играме
водечка улога во континуираното обликување на дигиталната трансформација“,
изјави Петер Ратгеб, корпоративен благајник на „Siemens“.
Најновата трансакција е порамнета преку SVIAT, приватен
одобрен блокчејн, соопшти компанијата.
Издавањето обврзници од страна на Siemens е најнов пример за
традиционалните институции кои истражуваат начини за поставување на
традиционалните финансиски инструменти, како што се обврзниците, заемите и
фондовите, на блокчејн мрежи. Процесот, исто така познат како токенизација на
средства од реалниот свет (RWA), ветува оперативни предности, како што се
побрзо и потранспарентно порамнување на трансакциите, пониски трошоци, како и
поголема ефикасност и транспарентност.
Минатиот месец, „CoinDesk“ изјави дека KfW, најголемата
германска развојна банка, се здружи со „Boerse Stuttgart Digital“ (BSD) во
подготовка за издавање на дигитални обврзници. Италијанската државна развојна
банка „Cassa Depositi e Prestiti SpA“ (CDP) и заемодавачот „Intesa Sanpaolo“
исто така завршија издавање на обврзници преку Polygon во јули.
фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI