
Силно невреме во Велес: Откорнати покриви, дрва и бандери, поплавени улици…
Големо невреме со град попладнево го погоди Велес. Интензивните врнежи и силниот ветер на многу места во градот откорнаа дрвја и покриви, а многу од улиците се поплавени. Во близина на автобуската станица има паднато големо дрво, откорната е бандера и сообраќајот е во прекин. ФОТО: Батали.нет
