
Силно невреме го зафати Прилеп: Пороен дожд, грмежи и град
УХМР информира дека во Прилеп има силно невреме. Според информациите, градот е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Во Мариовско сè уште се задржува јадро на нестабилност кое е стационарно.
