
СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ХРВАТСКА! Поплавени патишта, улици, дури и градинка! (ФОТО)
Силно невреме денеска ја погоди општина Чачинци во Вировитско-подравинската жупанија во Хрватска.
Како што јави локалното Радио Ораховица, покрај бројните улици, поплавена е и градинка, покрај која има фудбалско игралиште, јавува „Блиц.рс“.
За среќа, децата не биле во градинка кога се случила поплавата. А многумина на социјалните мрежи шпекулираат дека децата во понеделник нема да можат да одат на училиште, бидејќи условите за тоа нема да бидат исполнети поради големото количество вода.
Невремето предизвика хаос и во другите општини.
Водата посегнува, патиштата се потопени, како и шумите во селата.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
