Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силни земјотреси во Турција – Черхих: Врз нашата територија нема директно влијание, но има напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи
Македонија

Силни земјотреси во Турција – Черхих: Врз нашата територија нема директно влијание, но има напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи

06/02/2023

AA

Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, Д-р Драгана Черних на својот Фејсбук профил пишува дека силните земјотреси немаат директно влијание врз нашата територија.

Но, како што вели, секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја.

„Утринава во еден од сеизмички најактивните региони на Источниот Медитеран, со активноста на Источно-Анадолскиот расед, започна серија на тектонски земјотреси која што сеуште трае .

Двата најсилни, во 4 часот и 17 минути и во 13 часот и 24 минути со локални Рихтерови магнитуди 7.8 и 7.5, беа проследени со афтершокова серија од неколку умерено силни земјотреси со магнитуди помеѓу 6 и 7 и повеќе од 30-тина умерени земјотреси со магнитуди поголеми од 5 според Рихтеровата скала.

Сеизмичката активност е последица на активирањето на дел од Источно Анадолскиот расед со максималната линеарна димензија од околу 200 километри и напрегањата предизвикани од континуираната интеракција на Анадолската микро плоча како дел од Евроазиската тектонска плоча со Арабиската плоча и дополнителните напрегања од Африканската тектонска плоча. Епицентрите на земјотресите се протегаат вдолж раседот на самата граница помеѓу Турција и Сирија.

Според досегашните податоци, во Турција и Сирија земјотресите одземаа повеќе од 1500 животи, повеќе од 7000 повредени и предизвикаа рушење на околу 3000 градби.

Високата сеизмичка активност од Турција врз нашата територија нема директно влијание но секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја“, пишува таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy