
Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во источна Македонија и Пелагонија
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно предупредување за претстојната ноќ и утрешниот ден (18 февруари), поради најава за силен северозападен ветер кој ќе зафати делови од државата.
Според метеоролозите, се очекува умерен до засилен ветер, чија брзина на одредени места ќе надминува 60 километри на час. Најсилни удари се очекуваат во:
Поради засилениот интензитет на ветерот, се препорачува зголемена внимателност при движење на отворено, како и обезбедување на предмети на терасите и дворовите кои би можеле да бидат однесени или оштетени.
