
СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЛГРАД: Експлодирала машина во фабрика за ракетно гориво, детонацијата ги вознемири граѓаните
Силна експлозија утрово околу 06:10 часот се случила во околината на фабриката „Едепро“ на Обиколницата во Белград.
Пожарникарите , кои во меѓувреме биле информирани за експлозијата, веднаш интервенирале и утврдиле дека експлодирала машина за производство на ракетно гориво.
Според првите информации нема повредени лица, но оваа информација се уште се утврдува.
Република.рс
