Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Ангелов видно револтиран на мостот кај Визбегово
Македонија

ЦУК: Ангелов видно револтиран на мостот кај Визбегово

22/11/2023

AA

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, го посети мостот кај Визбегово Скопско, а ЦУК упати повторно известување и покана до дел од надлежните институции за Kоординативна работна средба во ЦУК за небезбедноста на конкретниот мостот, надвозник, со нагласување дека, со оглед на фактите дека опасноста не е надмината, присуството на претставник од раководниот кадар на повиканите институции е задолжително (на 23.11.2023 година, четврток со почеток во 11,00 часот).

Ангелов, по неговото разгледување на мостот, директно од лице место, упати повик и апел до дел од надлежните институции, за отстранување на опасностите од мостот за граѓаните кои поминуваат по него, а особено за граѓаните коишто со возила поминуваат под него (во неговата изјава од терен):

„По пријава на неколку граѓани повторно сме на мостот кај Визбегово, Скопско. Би рекол стар и небезбеден мост, преку којшто има голема фреквенција на сообраќај. Но, не е наша работа да испитуваме дали овој мост е безбеден и колку е безбеден, бидејќи информациите коишто ги имаме зборуваат дека истиот ќе биде срушен во следните неколку години. На овој мост се јавува една опасност за граѓаните, којашто се провлекува, би рекол, повеќе од една година. Тоа се овие коцки (камени гранитни коцки од патот). Овие коцки, коишто се расфрлани овде, најверојатно излегуваат од самиот пат. И покрај моето укажување, во повеќе наврати, повторно можам да ги забележам на самата ивица, работ, од мостот. Возилата коишто се движат по овој мост прават силни вибрации. Кога минуваат камиони, мостот буквално вибрира под моите нозе. Оваа коцка е само на 30-40 сантиметри од работ на мостот и може да падне долу на улица. Доколку оваа коцка падне врз возило коешто минува под овој мост, некој може да биде убиен. Дали треба да чекаме некој да биде убиен, да загине, тешко да биде повреден или „изваден од памет“ доколку коцката падне на совозачкото седиште, па излета со колата и удри во ѕидовите на мостот, бидејќи кога вакво нешто би удрило во „шофершајбната“ на возилото (предно ветробранско стакло), било кој возач ќе реагира. Но, не е само оваа коцка, еве, овде имаме друга коцка, трета, четврта… Коцките постојано излегуваат од патот. Од страна на градот Скопје или општината Бутел по нашата прва пријава веднаш беа преземени мерки и веднаш беше ставена ограда, којашто во „најмала рака“, ја гарантира безбедноста на пешаците, да не одат по тротоарот, којшто во меѓувреме го снема. Од овие арматури висеа бетонски плочки коишто се извадени, за тоа сме благодарни – сепак нешто е преземено. Но, апелирам, алармирам, градот Скопје, Општина Бутел, нека седнат заедно, нека се договорат – кој е одговорен за овој мост!? Нека не си ја префрлаат надлежноста едни на други. Нека седнат заедно и нека дојдат да го решат овој проблем… Да не си играме со човечките животи и со човечкото здравје, бидејќи овој мост е исклучително фреквентен и ако може да се забележи од самите возила, додека ја давам оваа кратка изјава, поминаа десетици коли, а под моите нозе мостот буквално вибрира многу силно…
Пред извесно време побаравме да дојдат, во ЦУК, претставници на општината Бутел и на градот Скопје, но не дојдоа… Затоа повикувам: – Нека дојдат!
Јас, не знам по кој пат, ќе отстранам неколку коцки – но ова не е решение!… Отстранувањето на овие неколку коцки, постојано и постојано доаѓаат нови и нови коцки…“

Инаку, ЦУК во барањето за Kоординативна работна средба за небезбедноста на мостот кај Визбегово, Скопско, посочи:

„Центарот за управување со кризи, во повеќе наврати во 2022 и 2023 година, врз основа на дојави од граѓани добиени преку Европскиот систем за итни повици Е-112, Ве извести за опасностите од користењето на надвозникот на вкрстувањето на „Стариот качанички пат“ и „Јадранската магистрала“ во Скопје и побара известување за Вашите досегашни и плански активности, за отстранување на камените гранитни коцки на надвозникот што секојдневно ги загрозуваат, пред се, корисниците на поранешната „Јадранската магистрала“ под мостот, подвозник.
Со оглед на фактите дека опасноста не е надмината, повторно Ве известуваме и Ве повикуваме на Координативна работна средба во Центарот за управување со кризи (Улица „Димче Мирчев“ број 9 ), на 23.11.2023 година (четврток) со почеток во 11,00 часот.
Темата на работната средба е: Зајакнување на безбедноста на учесниците во сообраќајот кои го користат надвозникот на „Стариот качанички пат“ над „Јадранската магистрала“.
Присуството на претставник од раководниот кадар на Вашата институција е задолжително.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди

02/10/2026
Македонија

ВИЕ Ѝ ПРИПАЃАТЕ НА ЕУ, ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ СО ВАШИОТ

02/10/2026
Македонија

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45945
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000 ЕВРА „Недопирливите“ од Прилеп продолжуваат

02/10/2026

Над 50.000 евра се пронајдени во банкарски сеф при дополнителен претрес во Прилеп, со што бројот на претресени локации во

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале следната недела во Софија

02/10/2026

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврдија за МИА дека денеска е побарана средба меѓу министерот за надворешни

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е ОДНАПРЕД ДОНЕСЕНА Адвокатката на Јованов

02/10/2026

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на дскотеката „Пулс“, Дејан Јованов  Деко, реагираше на новата истрага за поткуп и повторното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy