
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА! Се стресе и Истанбул!
Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција.
Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, јавува „EMSC“, портал кој го регистрира секој земјотрес во светот. Земјотресот се случи во Бурса на запад на Турција на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета и за повредени. Земјотресот е почувствуван и во Истанбул.
