
Силен земјотрес во Молучкото Море во близина на Индонезија
Силен земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во северниот регион на Молучкото Море, во близина на Индонезија.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 10 километри, соопшти Германскиот геофизички центар.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.