
Силен земјотрес во Мароко, најмалку 632 загинати!
Расте бројот на загинати во земјотресот во Мароко. Сега ги има најмалку 632. Податоците за жртвите се од мароканското Министерство за внатрешни работи. Пријавени се и 329 повредени. Од повредените, 51 се во критична состојба, соопшти Министерството по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди 72 километри југозападно од туристичкиот град Маракеш. […]