
Силен земјотрес во близина на Австралија
Во понеделникот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на австралискиот остров Маквари. Ова го покажуваат податоците на Европскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 700 километри западно од островот, кој е дом на Истражувачката станица Субарктик, каде што живеат и работат австралиски и новозеландски научници и каде е сместена австралиската истражувачка флота. Длабочината на земјотресот е 10 километри.
Нема извештаи за штети или жртви.