
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА БАЛКАНОТ: Се стресе Романија, но и делови од Србија
Земјотрес ги стресе Романија, но и Србија.
Станува збор за земјотрес со јачина од 5 степени. Потресот го почувствуваа жителите на српските градови Белград и Вршац.
Земјотресот го почувствувале и во Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, пренесе Телеграф.рс.
Цел ден има слаби земјотреси во Турција, каде пред осум дена имаше потрес од 7.8 степени, кој уби над 36.000 луѓе.