
Силен земјотрес го погоди денес Чиле
Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди денес регионот Антофагаста во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 118 километри, додава EMSC. Епицентарот бил на 190 километри од градот Икике, кој има 227.000 жители.