
Силен земјотрес ја потресе Турција
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната турска провинција Кахраманмарас во понеделникот, 19 јуни, околу 20:32 часот.
Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Гоксун на длабочина од 7,1 километар.
Гувернерот на Кахраманмарас, Омер Фарук Чоскун изјави дека сите надлежни служби се на терен и ги разгледуваат можните последици од земјотресот.
„Патролите на терен се во тек. Засега нема извештаи за штети “, рече Чоскун.
Турската провинција Кахраманмарас беше во епицентарот на разорните земјотреси што на 6 февруари погодија десет јужни турски провинции.
