
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА СРЕДБАТА ЗЕЛЕНСКИ-ЕРДОГАН: Во близина на Анкара со магнитуда од 5,0 степени
Земјотрес со интензитет од околу 5 степени според Рихтеровата
скала го погоди централниот дел од Турција, во близина на главниот град Анкара.
Земјотресот се случил за време на состанокот меѓу
украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Таип
Ердоган во Анкара.
Земјотресот е регистриран на длабочина од околу седум
километри. Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а
надлежните служби ја следат состојбата.
На платформата на EMSC, сведоци известуваат дека силен
земјотрес бил почувствуван во главниот град Анкара, кој траел помеѓу седум и 10
секунди.

